Несреќа на операцијата на НАТО – КФОР во Косово: Македонско воено возило излетало од патот


За време на извршување на доделените задачи во рамки на операцијата на НАТО – КФОР во Косово вчера во вечерните часови се случила лесна сообраќајна незгода во која има незначителна материјална штета на возилото (скинати гуми) без било какви последици на возачот, соопштија денеска од Канцеларијата за односи со јавноста во Генералштабот на Армијата.

Појаснуваат дека за време на извршување на редовна патрола од страна на припадници на Армијата со воено моторно возило во состав на нашиот контингент во зоната на одговорност во регионалната команда запад, поради лошите временски услови (слаба видливост и лизгав коловоз), се подвлекува во соопштението, возачот изгубил контрола поради што возилото излегло од патот во канал за наводнување.

– Како дел од стандардните оперативни процедури, со подршка на италијанскиот контингент во чиј состав ги извршуваме задачите во регионалната командда запад, моторното возило е извлечено и транспортирано до базата каде по неопходна интервенција ќе биде повторно вклучено во извршување на задачи во склоп на мисијата, соопштија од ГШ на Армијата.

12.03.2024 - 11:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега