Несреќа на патот Ново Село два-Боговиње: Автомобил излета од коловозот

Три лица се здобиле со повреди откако автомобил излетал од патот, информира МВР.

- На 25.11.2020 околу 8:30 часот, на локалниот пат Ново Село два-Боговиње патничко моторно возило “фолксфаген поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 39-годишниот Д.А. изгубило контрола и излетало од коловоз. Во незгодата  со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците , 40-годишниот М.А. и малолетник, а возачот се здобил со повреди.Тројцата биле пренесени во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово, соопшти МВР.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.11.2020 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега