Несреќа со лифт во Штип: Едно лице загина, друго се бори за живот

Маж загина, а друг се бори за живот во Клиничката болница во Штип, од повреди добиени по несреќа во лифт. Според првичните информации несреќата се случила во лифт во угостителски објект. 

Од СВР Штип велат дека во тек е увид од страна на полицијата, јавен обвинител од ОЈО Штип, а на терен се и државни инспектори.

Починатиот маж е во роднинска врска со повреденото лице кое се бори за живот на штипската клиника, и во моментот извршувале работни задачи. 

Повеќе информации се очекуваат во текот на вечерта. 

Според првичните информации, починатото лице и неговиот колега извршувале работна задача во моментот на несреќата. 

 

 

 

18.05.2024 - 22:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега