Несреќа во Австралија: Се сруши авион кој учествуваше во гасење на пожарите- три лица загинале

Тројца американци загинале кога се сруши канадски авион- цистерна, кој помагаше при гасење на пожарите во Австралија, соопшти денес комесарот на пожарникарската служба на Нов Јужен Влес.

Според неговата изјава, авион „Херкулес Ц-130“ се срушил час и половина по полетувањето од воената база во Ричмонд, јужно од главниот град Канбера.

Причината за несреќата засега не е позната, пренесува Ројтерс.

„Според првичните извештаи, се чини дека нема преживеани во авионот кој силно удрил во земјата и се запалил“ рекол комесарот на противпожарната служба.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.01.2020 - 09:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега