Несреќа во Македонија: Товарно возило излетало од патот

 Товарно возило „Ивеко“ вчера кај селото Колари излетало од патот.

На магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај селото Колари, товарно возило „Ивеко“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од К.Т. 44- годишен од Тетово, изгубило контрола и излетало од патот.

Сообраќајката се случила вчера во која  со тешки телесни повреди се здобил возачот К.Т., кој бил пренесен во болницата во Кичево, а подоцна и во Клиничкиот центар во Тетово, каде му била укажана лекарска помош.

Кај совозачот Д.М. 22-годишен од Скопје биле констатирани телесни повреди.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кичево.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.06.2019 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега