Несреќа во Тетово: Возач со „фолксваген голф“ прегази пешак

На 23.09.2022 во 15.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на ул.„Маршал Тито" во Тетово, патничко возило „фолксваген голф", со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.О.(27) од скопско Дворце, удрило во 26-годишниот пешак Х.Ф. од Тетово.

Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. На местото на несреќата увид извршила екипа на СВР Тетово.

24.09.2022 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега