Несреќа во тетовско: Му се превртел тракторот- маж загинал на лице место

 

Тракторист вчера загинал во Тетово откако му се превртел тракторот кој бил со приколка полна со огревни дрва.

„На 25.06.2020 во 13,30 часот во Полициското одделение Теарце било пријавено дека на локалниот пат с.Јелошник-с.Глоѓи, на место викано „Црвеница“ атар на с.Глоѓи, Љ.С.(53) од с.Глоѓи, управувајќи трактор „ИМТ 539“ на кој имало закачено приколка натоварена со огревни дрва, се превртел. Љ.С. починал на местото на настанот“ соопштуваат од полиција.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово, по што телото на починатиот било дадено на семејството.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.06.2020 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега