Несреќа во Велес: Трактор се излизгал наназад и повредил затвореник

 

Затвореник се здобил со тешки повреди откако трактор со кој управувал друг осуденик во затворот во Велес се излизгал од патот. Како што информира МВР, вчера во 16:00 часот во СВР Велес, од Казнено-поправната установа Идризово-Отворено одделение Велес, било пријавено дека во околу 11:20 часот, додека вршеле работни задачи, осуденикот Д.М.(38) од село Бузалково, управувајќи трактор во населба Превалец-Велес, изгубил контрола и тракторот се излизгал наназад при што му нанел тешки телесни повреди на осуденикот К.Г.(52) од Гевгелија.

К.Г. бил пренесен во болницата во Велес. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.07.2019 - 16:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега