Нестабилното време продолжува: Очекувајте пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Во изминатиов период сме сведоци на навистина чести и страшни невремиња кој направија бројни штети низ Македонија и поплавија домови. Нестабилното време ќе продолжи и во следните неколку денови додека малку постабилно и потопло време ќе имаме за време на викендот иако и тогаш има услови за изолирана појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопштува метеорологот Славчо Поповски.

Условите за нестабилност повторно ќе почнат да растат на самиот почеток од следната недела што значи за жал и понатаму немана видик некоја долготрајна стабилизација на времето кај нас. Особено утре и во четврток на повеќеместа и тоа особено од пладневните часови па натаму ќе биде нестабилно облачно со поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, значително количество на воден талог кое може да доведе и до нови локални поплавувања, силен ветер, силни електрични празнења и појава на град.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат од 25 до 32 степени додека за време на викендот ќе бидат повисоки и тоа поради продор на потопол воздух од југ и истите ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени.

 Во случај на појава на електрични празнења и на силен ветер да не се претстојува на отворен просот а во случај на електрични празнења и под осамени дрвја.

Според најновите направени анализи доста нестабилен со почести врнежи и грмежи како и невремиња се очекува да биде и месец јули.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.06.2019 - 18:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега