Нетанјаху останува во самоизолација, стигнаа резултатите од тестирањето за Ковид-19

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е негативен на коронавирусот.

Резултатот од тестирањето кое направено денеска, откако тој се повлече во самоизолација кога дозна оти негова советничка е позитивна на Ковид-19.

Портпаролот на Нетанјаху изјави дека израелскиот премиер сепак ќе остане во самоизолација, додека израелското Министерство на здравство не даде нови инструкции.

Освен премиерот, и членовите на неговото семејство се негативни.

Тамошното Министертво издало препорака со која секој кој бил во контакт со заразен од Ковид-19 мора да остане 14 дена во самоизолација.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.03.2020 - 21:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега