Невреме со крупен град го погоди Дојран - УХМР предупредува за опасност од ново невреме
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) извести дека пред околу 20 минути, Дојран бил зафатен од силно невреме проследено со обилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и крупен град.
Според најновите информации од УХМР, во моментов нова нестабилна воздушна маса се движи од правец на Гевгелија кон Дојран. Се очекува оваа нестабилност повторно да го зафати Дојранското подрачје, со истите интензивни временски појави како претходното невреме.
Дополнително, УХМР регистрира нестабилност со послаб интензитет и во други делови на земјата, поконкретно во Кумановско и Мариовско.
07.05.2025 - 12:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа