Невремето се сели на југ: Метеоролозите соопштија какво ќе биде времето на познатите грчки летувалишта

Силно невреме во Грција однесе најмалку седум жртви, а метеоролозите најавуваат нови дождови попратени со грмотевици, но овојпат во јужните делови на Грција.

Според веб-страницата на грчките медиуми "Екатерини", дождливите бури се очекуваат во северниот и североисточниот дел на Егејот, Халкидики, Споради, Евбеја и крајбрежните делови на исток. Во попладневните часови, беше најавено крајот на врнежи и разведрување.

Во остатокот од земјата е облачно, а температурите се движат од ќе се движи од 8 до 26 степени, на север од 15 до 32 степени, во централните делови од 17 до 29 и во Епир од 15 до 32 степени. Истото важи и за Крит, каде температурите ќе се движат од 19 до максимум 32 степени.

Националната метеоролошка станица издаде предупредување за можни бури на море.

Според временската прогноза за следната недела, се очекуваат облачно време, проследено со краткорочни врнежи и температури малку над 20 степени.

На Касандра ќе биде облачно со температура највисока до 28 степени.

На Ситонија највисока температира во наредните неколку дена ќе изнесува 26 степени целзиусови.

 

Додека пак на Неос мармарин нешто по поволно време, но највисоката дневна тмпература ќе изнесува до 26 степени целзиусови.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.07.2019 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега