Незапаметен топлотен бран во Европа следната недела - метеоролозите со важни предупредувања

Метеоролозите најавија дека Европјани следната недела ги очекуваат температури од 40 степени Целзиусови од топлотниот бран во јуни кој ќе зафати поголем дел од Европа.

Од Велика Британија, до Белгија и Грција, топлотниот бран ќе стигне од Магреб во Северна Африка и Шпанија со високи температури кои почнуваат од викендов, а врвот се очекува кон средината на следната недела.

Во Германија метеоролозите предвидуваат температури од 37 степени во вторник, односно 38 во среда, а слично време се очекува и во Белгија и во Швајцарија.

Британскиот метеоролошки завод Мет Офис посебно е загрижен затоа што топлотните бранови моќе да поттикнат „силни бури“, па предупредил Британците да се подготват на „топло, влажно и нестабилно време“.

Грција ќе биде меѓу земјите најтешко погодени од топлотниот бран со температури до 39 степени овој викенд.

И во Франција метеорологот Франсоа Гуранд најавува „невиден топлотен бран за јуни“. Од вторник температурите во Франција ќе се искачат од 35 до 40 степени, па жителите нема да имаат олеснување, предивдуваат метеоролозите.

Доаѓањето на интензивните топлотни бранови покажуваат какво е влијанието на глобалното затоплување на планетите, а такви временски услови веројатно ќе има се почести.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.06.2019 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега