Незапаметена трагедија во Србија: Се удави полуматурант- другарите се обидувале да го спасат, но безуспешно

Андрија Недеjковиќ (15), полуматурант од селото Вирово  во Србија, се удави завчера во местото викано Уски вир додека пливал со другарите во реката Рзав.

Како што дознава Курир.рс, трагедијата се случила во попладневните часови.

- Тинејџерот дојде со своите пријатели на неуредената плажа во време кога беше многу топло. Имаше повеќе луѓе на брегот, а момчињата пливаа, се забавуваа на брегот и во водата. ТДолго време беа тука на брегот. Сепак, во еден момент, додека пливаше, Андрија одеднаш потона - вели извор во истрагата за Курир и додава:

- Другарите кои беа скоро до него веднаш започнаа да нуркаат, барајќи го. Другите пливачи од брегот скокнаа во водата. По една минута, детето било извлечено на брегот. Неговите пријатели веднаш започнаа да го реанимираат, му го масираат срцето и му даваат вештачко дишење. За тоа време, собраните повикале брза помош.

Екипите на Итната помош пристигнале за неколку минути и продолжиле со реанимација.

- Лекарот од Итната медицинска помош исто така се обиде со реанимација, но без успех. По некое време објави смрт. Момчето почина, а бидејќи на неговото тело немаше повреди што би значело насилна смрт, родителите ја одбиле обдукцијата - објасни изворот на Курир.

Андрија Недеjковиќ, како што велат соседите на семејството, завршил осмо одделение, а деновиве требало да слави полуматура.

- Наместо неговите родители да го подготвуваат за матура, за радост, за запишување во средно училиште, тие го подготвуваат неговиот погреб. Тој беше добро момче, воспитано, само што зачекори во животот - вели вознемирениот сосед.

Момчето било погребано вчера, а покрај родителите и пријателите од училиште, бројни роднини и соседи го испратија на вечното почивалиште.

 

23.06.2021 - 08:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа