Незапаметени врнежи во Кина во последните 50 години: Предизвикале стравични поплави, катастрофата однела голем број животи

Долината на кинеската река Јангце е тешко погодена од дождови незапаметени во последните 50 години – во поплавите досега се регистрирани најмалку 140 загинати.

Речиси цела континентална Кина е погодена од невреме, вклучувајќи и подрачја на западот на земјата – Тибет и Синџијанг, соопшти заменик министерот за вонредни ситуации, Женг Гуогуанг.

Штетата е проценета на стотина милиони долари, со што ѝ е зададен голем удар на кинеската економија која се опоравува од потешкотиите поради пандемијата на коронавирусот.

Посебно погодена е покраината Хубеи која е богата со реки и езера, но поплавите сериозно загрозија и градови во централните и јужните делови на Кина.

Освен зголемувањето на нивото на најголемата азиска река Јангце, исто така и останатите реки и езера во Кина имаат загрижувачки висок водостој, предупреди заменик министерот Гуогуанг.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.07.2020 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа