Независниот синдикат на полицијата на протест: Бараатподобри услови и поголеми плати

Независниот синдикат на полицијата (НСП) денеска одржа протест пред Владата на кој побара да биде признаен за репрезентативен синдикат во полицијата, признавање на новиот колективен договор во МВР и Шумската полиција, подобри услови за работа и покачување на платите за 25 проценти во сите сегменти од полицијата, редовната, шумската полиција, затворската и во судската полиција.

Претседател на Независниот синдикат на полицијата Гоце Делчев Тодев, порача дека се соочуваат со низа проблеми во работењето како незаконски прераспеделувања, притисоци врз членовите на нивниот синдикат да не излезат на протестот и изрекувања повеќекратни дисциплински постапки, поради што денеска се присутни, само претседатели на синдикалните организации и синдикални подружници на полициските станици и на граничните сектори.

Изразувајќи благодарност до колегите од Синдикатот на српската полиција коишто им дадоа поддршка и присуствуваат на протестот, тој со порака и до министрите и до нивните подредени началници и командири, како што вели, да престанат со притисоците кои секојдневно ги прават кон вработените да не излегуваат на протестот, со на денот на протестот измислени обезбедувања, технички денови за чистење на оружје, ангажирање на ПЕР итн.

Дејан Саздов, портпарол на НСП кажа дека нивниот револт ќе продолжат да го изразуваат со барање за 25-процентно покачување на плата, вели, еднакво како и за останатите работници во државта.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.11.2019 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега