Ни спортистите не се отпорни на коронавирусот: „Бев во кома, а кога се разбудив сите мои мускули ги снема“ (ФОТО)
Зачудувачки фотографии од трансформацијата на 40-годишен спортист кој го совлада ковид-19 станаа вирални.
Ахмад Ајад бил во кома 25 дена откако тестот покажал дека е позитивен на коронавирус. Кога пристигнал во болницата, со висина од 185 сантиметри, тежел 97 килограми и бил мускулест. Кога бил отпуштен од болницата „Џон Хопкинс“, тој тежел 27 килограми помалку.
"Кога се разбудив од кома, тежев 70 килограми. Рацете и нозе ми беа тенки, а градите ми ги снема. Не можев да верувам колку е тешко за мене само да стигнам до работ на креветот и да станам", изјавил тој во интервјуто објавено на веб-страницата на болницата.
Пред да се разболи, овој спортист кревал тегови и играл кошарка. Кога не вежбал, работел во семејната фабрика за мебел.
Првите симптоми ги почувствува на 11 март, неколку дена по враќањето од Флорида. Тој се обиде да се опорави со домашна супа, но симптомите не се смириле.
Три дена подоцна останал без здив и не можел да се вози до болница. Од болницата му потврдиле дека е заразен со коронавирус. Тој бил и првиот пациент во таа болница кој бил ставен на респиратор.
Комуницирал со своите роднини пишувајќи пораки на хартија затоа што не можел да зборува. Набрзо завршил во кома, а неговата мајка не можела да верува дека не смее да го посети.
View this post on Instagram#spartanrace #spartan #fitness #fitnessmotivation #fit #fitnessaddict #arms
Неколку дена откако го тргнале од респираторот, тој бил префрлен од интензивна нега во одделот за коронавирус, а болничарите му аплаудирале додека заминувал од болницата. Ахад бил пуштен од болницата на 22 април со оштетени бели дробови и срце.
„Се опоравувам од ден на ден. Полека добивам тежина, многу јадам и одам на прошетки“, истакнал тој, и додава дека борбата против вирусот е една од најтешките работи низ кои поминал.
„Имав грип секоја година, еднаш или двапати во годината, а потоа се чувствував добро. Ова не е грип. Луѓето треба да бидат внимателни затоа што тоа може да му се случи на секого“, заклучува тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа