Николоски: Ако нема предвремени избори за опозицијата улицата е природна средина

„Предвремени парламентарни избори се барања на ВМРО-ДПМНЕ и желба на скоро две третини од граѓаните кои што живеат во Македонија. Јасно изразена на претходните локални избори кога кажавме дека тие избори се референдум за владеењето на Зоран Заев и кажаа граѓаните тоа што имаа да кажат, 44 општини за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, а 16 за Зоран Заев. И од втора страна тоа е насушно потребно во моментов затоа што Македонија е во тешка политичка криза“,истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во централниот дневник на Сител телевизија.
Николоски додаде дека има два начини како да се дојде до предвремени парламентарни избори.
„Има два начини како тоа да се направи, едниот е да има договор помеѓу политичките партии во рамки на Собранието. И јас се уште се надевам дека тоа ќе се случи. Еве да им дадеме шанса да го добијат датумот следната недела. А, ако не го добијат тогаш ќе треба да седнеме и да разговараме за датум за предвремени избори. А, доколку не се слагаат за таа работа, на опозицијата секога улицата и е природна средина“, нагласи Николоски.

08.12.2021 - 21:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега