Николоски: Целиот случај околу ШИК Јелак мириса на корупција

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во интервју во емисијата „360Степени“ на Алсат М, вели дека постапката за носење на деталниот урбанистички план за ШИК Јелак мириса на корупција и судир на интереси, бидејќи како што рече Министерството за транспорт и врски одобрува Детален урбанистички план со 233.000 метри квадратни за само 7 дена, посочувајќи дека тој или воопшто не е прочитан или е донесен по нечија наредба.

-Согласно законот кога ќе се распишат изборите, запираат сите активности освен оние кои што се неопходни. Изборите беа распишани на 15 февруари, на 21 февруари оваа година општина Тетово поднесува барање за одобрение до Министерството за транспорт и врски. Министерството за транспорт и врски одобрува Детален урбанистички план со 233.000 метри квадратни, само хартијата е околу 300 страни за само 7дена од кои што два се викенд, и на 28 февруари го дава одобрението во услови кога во Македонија човек за обичен документ му треба месец или два за да го извади, што е јасно дека воопшто не е прочитан тој Детален урбанистички план, туку по нечија наредба само е потпишан. И второ е период на распишани избори, што е класичен конфликт на интереси, вели Николоски.

Николоски праша зошто Владата не отишла на наддавање на објектот како би постигнала повисока цена, како и зошто владата не инсистирала прво да помине овој Детален урбанистички план за да се качи вредноста на земјиштето, односно како што рече тој да владата да оди со јавно надавање каде што уште повисока цена би се постигнала и би оствариле намирување на долговите и работниците, и сите оние кои што беа доверители во ШИК Јелак.

-Прашањето е зошто владата не отишла на надавање, како би можело да се постигне повисока цена, прва варијанта. Втора варијанта не ги понудила на Фондот за здравство, па Фондот за здравство окрупни таму и втора работа е зошто владата не инсистирала прво да помине овој Детален урбанистички план за да се качи вредноста на земјиштето, па потоа да оди или со подавање со непосредна спогодба со многу повисока цена или да оди со јавно надавање каде што уште повисока цена би се постигнала и би оствариле намирување на долговите и работниците, и сите оние кои што беа доверители во ШИК Јелак. Сето ова мириса на многу корупција и на многу судир на интереси, изјави Николоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.09.2020 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега