Николоски до Димитров: Која беше целта на промената на името ако нема датум за ЕУ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во вечерашната дебата на ТВ 24 го запраша министерот за надворешни работи, Никола Димитров која беше целта на промената на името ако после речиси две години Македонија се уште нема добиено датум за преговори со Европската Унија.

Тој истакна дека Македонија сега се носи со штетните последици од Договорот од Преспа, а Македонија и натаму е далеку од членството во Европската Унија.

Николски напомена дека премиерот Зоран Заев ја лажеше македонската јавност дека сме добиле датум за преговори за потоа да најави дека датумот Македонија ќе го добие оваа година во јуни, а сега датумот за преговори и овој октомври е неизвесен.

-За жал гледаме дека она што требаше да биде реалност уште минатата година еве во втората половина на ова година не се случува. Имено да ја потсетам македонската јавност, основното ветување кога се правеше Договорот од Преспа беше дека државата ќе стане членка на НАТО и ќе отпочне преговори за членство во Европската Унија. За жал далеку сме од почеток на преговори за членство во ЕУ. Година и речиси половина после потпишувањето на договорот, што само ги оправдува определените скепски кои што ние ги имавме во тој временски период кога се постигнуваше договорот и во однос на материјалната содржина на договорот, но и во однос на временскиот период. Тогаш на само една од вкупно двете лидерски средби се случија за името, мислам ќе беше покорисно да има повеќе, јас бев тој кој и сугерираше на Владата дека не треба да се брза за јуни и да остават простор да изградат подобри позиции за да не добијат лош договор. Аргументите беа дека тоа треба да се направи час поскоро затоа што на крајот на јуни се очекува да се добие датум за преговори. На 17 јуни се потпиша Преспанскиот договор со сите штетни последици кои што тој ги има, веќе на 29 јуни Македонија не доби датум за почеток на преговори. Заев тогаш лажеше дека сме добиле, па видовме после сите дека не сме добиле. Потоа беше кажано дека тоа ќе се случи година дена подоцна, видовме тоа не се случи. Сега го очекуваме октомври и да бидам искрен се поставуваат многу прашања која беше целисходноста на тие политики ако ние немаме извесност да почнеме преговир, а камо ли да бидеме членка на ЕУ, вели Николоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.09.2019 - 21:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега