Николоски: Филипче и Хасани не смеат да паднат затоа што заедно му ги носат торбите на Вице Заев во вила Парк

Мораме да ставиме крај на мафијата која што владее. Денеска ја видовте мафијата на дело. Мафијата која што верува во слоганот, дека ако еден падне тогаш сите паѓаат. И затоа денеска видовте само финале на нешто што, на ние што сме малку поискусни во оваа работа и во односот со Заевци ни беше јасно од првиот ден, а тоа е дека одговорност за 14 загубени човечки животи нема да има. И денеска видовме дека одговорност за изгубени 14 човечки животи нема, вели Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во општина Центар.
Николоски истакна дека најголем парадокс е што за 14 човечки животи не само што нема одговорност, туку има смешни образложенија дека кабелот и полначот за телефон се виновни.
Да е парадоксот најголем 14 луѓе го изгубија животот онаму каде што одат да си го спасат животот. Значи животот го изгубија во болница. Не го изгубија на улица, не го изгубија во авион, не го изгубија во сообраќајна несреќа, туку го изгубија во болница, каде што отидоа да си го спасат сопствениот живот. но за жал, живи изгореа. И денеска гледаме едни смешни образложенија дека кабелот и полначот за телефон биле виновни за 14 изгубени човечки животи, рече Николоски.
Николоски, вели дека Филипче и Хасани не смеат да паднат затоа што заедно градат хациенди и заедно ги носат торбите на Вице Заев во вила Парк во Струмица, додавајќи дека одлуката за немање одговорност најпрво ја кажал Артан Груби, а потоа Заев, укажувајќи дека не е Заев премер, туку Груби.
Затоа што Венко Филипче не смее да падне и Илир Хасани не смее да падне. Не смеат да паднат затоа што заедно градат хациенди на другата страна на Водно. Не смеат да паднат затоа што заедно му ги носат торбите на Вице Заев во вила Парк. Не смеат да паднат едноставно затоа што многу знаат и затоа нема одговорност за 14 загубени човечки животи, потенцираше тој.
И да е парадоксот најголем, одлуката не ја соопшти Зоран Заев како што веројатно би личело. Еден час пред него Артан Груби излезе и кажа дека одговорност нема да има, затоа што во оваа држава премиер не е Зоран Заев, премиер е Артан Груби и тој излезе еден час пред Заев да го соопшти тоа што Зоран Заев го кажа после еден час, веројатно Зоран Заев Отишол по сопственото мислење за да знае што да каже на јавноста. И затоа на овие избори мораме да ставиме крај на таа работа, за да има одговорност, за да одговараат тие кои што изгореа 14 живи луѓе, за да престанат да ја горат Македонија, Центар и Скопје, порача Николоски од Центар.
05.10.2021 - 22:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега