Николоски: Изјавата на Габриел е јасна - и да се смени Уставот, можно е Македонија повторно да добие бугарско вето
Би почнал со нешто што мене најмногу ме загрижи од истражувањето, го читав и пред да дојдам тука, а беше искажано и пред 15-20 минути. Тоа е дека младите, онаа генерација од 18-24 години се најмногу евроскептични и да бидам ироничен ги разбирам веројатно се како генерација по паметни од нашата генерација. Јас тука гледам пријатели, луѓе кои ги познавам со кои пораснавме, ако сакате и остаревме затоа што сме веќе во средни години со оваа идеја за евроинтеграции и таму каде што бевме кога бевме млади сме и денес и да за тоа имаат одговорност сите политички елити во Македонија, но има одговорност и Европската Унија, не можеме еднострано да ги гледаме работите и веројатно младата генерација, луѓето кои сега се таму каде ние бевме пред 20-тина години многу појасно ги гледаат овие работи, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
-Уште едно прашање кое многу па и повеќе од претходното ме загрижува е прашањето што 90% сметаат дека би се иселиле и вака и така што може да ја донесе Македонија во најлоша можна ситуација а тоа е членството во Европската Унија да се гледа како иселување од државата нешто што и се случи на Хрватска во скоро време, претходно на Бугарија, Романија, Полска итн. Во таа насока мислам дека најпогрешната работа што може да ја направат одредени земји членки е да прават семинари низ државава за полесно иселување во нивните држави кои ги гледаме и се случуваат и мора да зборуваме отворено. Јас најмалце мислам дека работите треба да ги гледаме едноставно, мислам дека најмалце работите треба да ги гледаме без критика. Во таа насока прашањето кое си го поставивме сите е како е возможно и покрај политичкиот момент кој го разбираме да држава која во моментов е во војна и држава која во моментов нема дефинирано територија мислам на Украина и Молдавија со цела почит кон двете и симпатии почнаа преговори, а не само Македонија, туку и БиХ и Албанија не почнат преговори. На БиХ и се даде да дозавршат одредени работи како последица на војна во 90-тите а овие имаат војна сега па почнуваат преговори и уште повеќе сите си го поставивме прашањето зошто никој не го замоли бугарскиот премиер да ја напушти салата на 15-тина минути исто така на кафе и да Македонија почне преговори. Затоа што со овие постапки практично се покажа дека сето она што и се кажува на Македонија не важи и дека на крајот на денот прашањето е политичко. Покрај политичко јас мислам дека е многу поврзано и со принципот на владеење на правото затоа што сум убеден и ова го зборувам од 2018-та година континуирано без прекин дека основната причина зошто Македонија не почнува преговори за членство со Европската Унија е високото ниво на криминал и корупција и принципот на неказнивост, истакна Николоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа