Николоски: Коалицијата на Заеви со Мијалков која ја најавивме се потврди викендов

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, одржа прес-конференција во која ја обвини власта за бегството на Сашо Мијалков. Тој рече дека најавената коалиција меѓу Заеви и Мијалков, сега станала вистина.

„Коалицијата Вице Заев, Зоран Заев и Сашо Мијалков уште во октомври 2018 година, сега се потврди. Во октомври 2018 година кога го исклучивме Мијалков од ВМРО-ДПМНЕ, јавно кажавме дека има тајна коалиција, која не само овие три години, туку 15 години наназад работи на уништување на Македонија“, рече Николоски.

„Наградата стигна овој викенд, на тој начин што му се овозможи да избега од правдата. Во овој момент имаме бегалец од правдата. Спасовски молчи, Шекеринска ја нема никаде, а Заев ја префрла вината“, рече Николоски.

 

Тој побара одговорност од власта, и исто така побара 24 часа да го обезбедат Мијалков.

„Со Македонија владее крими коалиција. Затоа очекуваме во следните 24 часа да го обезбедат бегалецот од правдата.“, вели Николоски, иако кажа дека не очекува да го сторат тоа.

„Очигледно е дека има јасен одговор, во услови кога му се овозможува да избега, или да се преговара по кои услови би се предал. Така да не очекувам да го обезбедат. А, оваа влада треба уште денеска да замине“, рече Николоски.

 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.02.2021 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега