Николоски: На гала вечера со лидерите разговарам за Македонија да почне преговори со ЕУ

Македонија се сака со дела. Вечерва на гала вечера со европските лидери разговарам за потребата Македонија да почне преговори со ЕУ, за битката со криминал и корупција и потребата од подобар животен стандард. Оваа информација вечерва на социјалната мрежа Фејсбук, ја сподели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
„На иста маса со врвен белгиски дипломат, една од водечките француски новинарки, одговорната за односи ЕУ - Кина во престижниот Фајненшл Тајмс, како и главниот опозициски лидер во Белорусија разговораме за состојбата во Европа и што може да се направи во следниот период за да се врати европскиот дух“, пишува Николоски.
26.10.2022 - 21:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа