Николоски: Не застануваат барањата на Бугарија

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во интервју за „Макфакс“ вели дека проблемот со Бугарија е дека нивните барања не застануваат и затоа доколку тие сакаат Бугарите да влезат во македонскиот Устав потребно е во нивното народно Собрание да се изгласа Декларација дека нема да имаат дополнителни барања. Сепак, според Николоски, Бугарија служи како изговор на други земји кои не се убедени дека Македонија треба да започне преговори и затоа нема никаков притисок.

- Сега имам чувство дека Бугарија служи за некаков добар изговор за неколку земји членки од ЕУ, кои не се убедени дека Македонија треба да почне преговори ЕУ. Нас не не блокира најсилната земја членка, туку најслабата, а врз Бугарија не се врши притисок. Постојат многу форми кои можат да се направат особено врз Бугарија. А во нашата ситуација ни велат земете со Бугарија договорете се. А барањата на Бугарија се да прифатиме дека сме Бугари и дека имаме бугарски јазик, што е неприфатливо, изјави  Николоски.

 

 

19.05.2022 - 20:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега