Николоски: Победата на Орбан е многу значајна зашто тој е голем пријател на ВМРО-ДПМНЕ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски преку статус на Фејсбук му ја честиташе победата на унгарскиот претседател Виктор Орбан.

-Честитки за Orbán Viktor за убедливата победа на изборите! Заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Hristijan Mickoski имавме чест да бидеме дел од прославата на големата победа за Унгарија и ЕУ. Со оваа победа Орбан станува Премиер со најмногу мандати во земја членка на ЕУ. Оваа победа испиша историја. Победата на Орбан е многу значајна зашто тој е голем пријател на ВМРО-ДПМНЕ и Македонија и ќе стори се што може Македонија да напредува кон ЕУ, кон подобар животен стандард и повеќе инвестиции, пишува Николоски.

04.04.2022 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега