Николоски: Прифаќањето на бугарските барања е најголемо предавство во независна Македонија

„Еве трет ден дебата за можеби една од најбитните и најсуштински работи за која што македонското Собрание дискутирало во оваа сала од прогласувањето на независност до денес. Можеби како никогаш претходно разговараме за суштински работи околу иднината на Македонија. Знаете политиката е стара колку и цивилизацијата, кога луѓето почнуваат организирано да живеат почнуваат и да политички се организираат и да бираат претставници кои што ќе го уредуваат нивниот живот. Во Македонија ние сме тие 120. Во политиката исто така е познато од античко време до денес дека многумина влегуваат од користољубие, од среброљубие и од славољубие, малкумина влегуваат затоа што сакаат чесно да се посветат на оние кои што ги бираат. И затоа низ историјата и денес постојат многу политичари кои што народот ги заборавил, на кои што паднала пепелта и маглата и отишле вечно во заборавот и само малкумина кои народот и историјата ги памети и ги цени. Кога ќе се запрашате зошто, одговорот е оваа седница деновиве. Затоа што на едната страна се луѓе кои што за ден повеќе привилегии за службено возило денес, или на времето за некои други привилегии на пример да имаат земја околу себе која што ќе им ја обработуваат робови или за подобра плата или за некоја друга привилегија се спремни да направат се. И од другата страна се такви што се спротивставуваат и не се согласуваат на ова“, истакна Александар Николоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.

Николоски додаде дека за овие три дена разликата е јасна, се гледа многу прецизно и многу јасно кој каде е, односно кој е предавникот, а кој ги брани интересите на Македонија.

„Не го потценувајте народот, многу е попаметен и до што мислите и од што ќе ви каже, и од што чувствувате. И кога ќе се видите на улица ви се насмее, во суштина во себе го има гневот и ве пцуе длабоко во себе, затоа што знае што правите. Народот знае каде ја водите работата. Да бидете свесни за таа работа.“, им порача Николоски на пратениците од СДСМ.

Тој посочи дека тој не е од вчера во Собранието.

16.07.2022 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега