Николоски: Вистина е дека Шилегов има хациенда во Тафталиџе, вила во Маврово и скапи коли
Па нема што реагира, вистина е, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање, кој е неговиот коментар во однос на одбивањата на Петре Шилегов да ги коментира обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за неговата имотна состојба.
Му се гледа хациендата во Тафталиџе, таа во Маврово исто така се гледа. Се сеќавате кога Скопје беше во карантин, градоначалникот на Скопје си избега во Маврово, колите се гледаат, имотот се гледа. Така што вистинското е зошто соодветните институции, пред се Антикорупциската комисија не реагира, праша Николоски.
31.08.2021 - 14:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа