Николоски: Власта која со криминал го испразни буџетот удира по граѓаните и претпријатијата со повисоки даноци

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговараше на новинарски прашања при посетата на Прилеп во рамки одбележувањето на 21 година од погибието на 10-те армиски припадници кај Карпалак.

Николоски кажа дека дека власта која го испразни буџетот заради криминал и погрешни политики сега удира по граѓаните и претпријатијата со повисоки даноци и потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ не само што е против зголемени даноци, туку е и за намалување на постојните.

„Тоа е лоша работа, некако се избегнува темата што ќе се случува во Македонија во есента и зимата, кои ќе дојдат побрзо од што мислиме. Грејна сезона почнува некаде за два месеци од денес. Ситуацијата е катастрофална, цените на енергенсите одат високо и ништо не се прави од страна на власта да се ублажи тој удар. Дополнително затоа што буџетот е празен заради лоши економски политики и заради криминал и корупција, го прават најлошото можно, а тоа е да се удри по џебот на граѓаните и на претпријатијата, односно да се зголемат даноците“, изјави Николоски.

Николоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е против тоа и дека бизнисот треба има ниски даноци за да може да се развива и да отвора нови работни места.

„ВМРО-ДПМНЕ е за ниски даноци и не само што е против зголемување на даноци, туку е и за кратење на постојните даноци затоа што сметаме дека најдобар начин да се развива бизнисот е да му се остави слобода, рамен терен за игра и да има ниско оданочување како би можеле средствата да се употребуваат за развој за нови производи и за нови работни места“, рече Николоски.

08.08.2022 - 15:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега