Николоски: ВМРО-ДПМНЕ е заштитникот на македонскиот народ, сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ќе кажат НЕ за уставни измени

 

Пратеникот и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на својот официјален фејсбук профил напиша дека сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ќе кажат не за уставни измени.

„НЕ за уставни измени!

Македонскиот народ има своја засебна историја, култура и свој македонски јазик, а Македонија јасен државно - политички континуитет.

Македонија е реализација на желбите за независна држава на вековните копнежи и борби на Македонците!

Затоа ниедна наметната власт, ниедна сила и притисок не може да не натераат да се избришеме!

ВМРО-ДПМНЕ е заштитникот на македонскиот народ. Затоа денес СИТЕ пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ќе кажат НЕ за уставни измени!

Ден за историја! Да живее Македонија!“- напиша Николоски.

18.08.2023 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега