Николоски: Заев да каже јавно кои се тие тајни преговори кои во негово име Бучковски ги води во Софија

Барањето  е едно и е многу едноставно, бараме од Зоран Заев да ја изнесе пред целокупната македонска јавност кои се тие тајни преговори кои во негово име Владо Бучковски ги води во Софија, кој е тој тн. протокол и што е содржината на тој тн. протокол за кој таму се преговара, рече Александар Николоски, потпретседател и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во вклучувањето во вестите на Канал 5 телевизија.  

Тој додаде „затоа што нашите инфорации се дека се работи за договори кои директно задираат во македонскиот национален идентитет, во самобитноста на македонскиот јазик, македонската историја и македонската култура“.

„Затоа сметаме дека македонската јавност треба да е запознаена со содржината на овие преговори со цел да може соодветно да реагира и да се спречи уште едно национално предваство. Ние блокираме во Скопје на три локалции и уште во 10 града правиме блокади“, рече Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски укажа и дека до денес никој кредибилно не го демантираше она што ВМРО-ДПМНЕ го изнесе, а тоа е дека се водат тајни преговори со Софија.

Според него проблем е што Зоран Заев молчи.

„Вториот проблем е што Заев не излегува транспарентно да каже за што и како се преговара. И за жал добивме потврда од Софија од нивниот министер за надворешни работи дека дел од тие разговори е тој протокол што го усвои бугарското национално собрание во ноември 2019 година, а што значи негирање на македонскиот јазик, на самобитноста на македонскиот народ, бришење на македонската историја која има јасен континуитет на народноослобидителна борба за создавање на македонска држава“, рече Николоски.

Тој додаде дека сето тоа јасно почнува во средината на 19 век со преродбата оди низ востанијата како круна е Илинденското востание, потоа битката меѓу двете светски војни борбата, во Втората светска војна, НОБ и секако круна е 8 септември 1991, референдумот за независност.

„Сето ова Заев и неговата екипа сакаат да го избришат, секако ние не се согласуваме. Оваа блокада ќе трае се додека не биде јавноста информирана за што се преговара, а секако и мора да се спречат овие штетни декствија“, заклучи Николоски.

08.06.2021 - 16:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега