Николоски: Заев да одговори кога последен пат бил на билатерална средба со земја членка на ЕУ

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“  зборуваше за  тоа кога последен пат Зоран Заев бил на билатерална средба со некоја членка на ЕУ.

-Има една работа која го прашав Зоран Заев јавно, а тоа е кога последен пат бил во официјална посета, билатерална на било која земја членка на ЕУ,а да не е од соседството. Не зборувам слушање на телефон, не зборувам да оди во соседството, не зборувам да оди во Брисел, туку кога последен пат бил  и дали бил на средба со премиерот на Франција, со премиерот на Шпанија, кога последен пат бил со премиерот на Полска. Јасен е одговорот последен пат такво патување имал пред летото 2018 година пред да се објави аферата „Рекет“ во која што тој е на врвот на пирамидата. Овие кои ги гледаме сега се ситните риби од таа афера. Како излезе таа афера? Престанаа да се гледаат со него и да имат средби затоа што тие се исто така политичари и одат на избори и нема да си дозволат тој што им е против кандидат да им рече како вие седите со човек кој што прави такви криминални дела. Македонија не напредува кон ЕУ заради проблемот со Бугарија, но исто така не напредува и многу повеќе и заради корумпираноста на власта и немањето капацитет да испорача реформи, истакна Николоски во своето гостување.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.11.2020 - 20:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега