Николоски: Заев две години немал меѓународна посета - никој не сака да седи на иста маса со корумпиран политичар

Зоран Заев нема меѓународна релевантна посета повеќе од две години. Јас постојано му правам провокација, а и сега ќе ја искористам можноста, да одговори Зоран Заев кога последен пат бил во официјална посета на премиер или претседател на западно-европска држава, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во интервју на Радио Лидер, пишува во соопштение опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Тој многу добро знае што е официјална посета не е посета на некој си Самит со  50, 60 лидери на држави во ходник со некој да се поздрави или фамозната средба од две и пол секунди со Доналд Трамп, каде што Никола Димитров беше во улога на папарацо. Значи не зборам за такви работи. Зборувам за официјална посета каде ќе ве пречека гарда на аеродром, да се отсвири македонската химна и химната на земјата домаќин, да има знамиња во главниот град, да има прием во официјалната резиденција на премиерот или претседателот, да има средба влада со влада или неколку министри со неколку министри заедно со премиерите, или доколку е претседателска држава со кабинетот на претседателот, да се потпишат договори билатерални за трговија, размена на знаења итн, рече Николоски.  “ - пренесе прес центарот на ВМРО-ДПМНЕ
Николоски, нагласил дека последен пат Заев имал средба пред криминалната афера Рекет, посочувајќи дека премиери и претседатели на западно европските земји не сакаат да седат со корумпирани политичари, односно како што рече тој тоа што на Запад не поминува е корупцијата.
Последен пат Зоран Заев имал таква средба пред аферата Рекет, која што еруптираше во македонската јавност јули, август 2019 година. Многу е едноставна причината, кога видоа дека врвот на власта се занимава со торби Луј Витон полни со пари веќе никој не сака да седне на иста маса со него. Затоа што и тие луѓе во своите држави имаат опозиција и одат на избори и кога ќе одат на избори на премиерот на некоја западно европска држава опозицијата ќе му речи како седиш со човек кој што се шета со торби Луј Витон полни со пари и бара мито за брат му и таканаречената црква. И тие луѓе ќе изгубат избори и затоа не сакаат да седнат со таков човек. Тоа што на Запад не поминува е корупција, се може да помине но корупција не поминува и затоа со корумпирани политичари не седат, додаде Николоски.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.04.2021 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега