Николоски: Заев му ветил пет бизнис зделки на Бојко Борисов

Зоран Заев покрај тоа што го распродава македонскиот идентитет, тој исто така низ призма на преговорите турка и бизнис зделки врз грбот на граѓаните изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во дебатната емисија на Канал 5 „Само вистина”.

Тој наведе пет бизниси.

– Зоран Заев ветувал дека бугарски капитал ќе влезе во Македонија преку рудникот Иловица, кој магично преку ноќ го промени сопственикот. Исто така им ветил една национална телевизија, акции во еден оператор мобилен, банка и слободно користење на општички кабел на една државна компанија. Тоа се работите кои Зоран Заев лично му ги ветил на Бојко Борисов – рече Николовски.

Тој рече и дека бугарските медиуми пред одреден период пишувале  дека Зоран Заев поседува имот на Халкидики, Грција.

– Тоа само кажува за точноста на информациите за договорите помеѓу Заев и Борисов, како и со другите лидери, на кои не само што им ги исполни бизнис барањата, туку им го даде на тацна и македонскиот идентитет. Тоа е класично понижување на државата – рече Николоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.12.2020 - 20:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега