Николов: Кога може на судиите, платите да им се зголемат и на докторите и здравствените работници

Претседателот на Комисијата за здравство при ВМРО-ДПМНЕ, Игор Нколов на прес-конференција побара покачување на платите на докторите и здравствените работници. Тој нагласи дека ако можело да им се зголемат платте на судиите, тогаш тоа треба да се направи и со платите на оние што се во првите борбени линии во борбата со ковид пандемијата.

„ Здравствените работници наместо ветеното реално покачување на платата, ќе добијат, бонус од 5 проценти, нагласувам 5%. Пред Ковид, за време на Ковид кризата ветувањата беа секојдневни. Денес сме сведоци дека било само лага до лага“ обвини Николов.

Потсети дека за лекар специјалист, властите ветуваа плата 100 илјади денари основна. За медицинарите кои работат во Ковид центрите ветуваа, инфективен додаток. За специјализантите ветуваа, платени дежурства и вработување. Ветувањето беше дека од март платата ќе биде покачена за 5%, и нема да биде само еднократен бонус, рече Николов.

„ Ова денес е уште едно во низата поигрувања со здравствениот кадар со кој и онака кубуриме. Зарем вака, со благодарници од Лекарската комора и неостварени ветувања и лаги му се заблагодарувате на медицинскиот кадар?!

Се сеќавате ли што рековте министре кога завршуваше најсмртоносниот третиот бран од КОВИД-19? Ветувавте покачување на платите на сите вработени во здравството за 5%. И повторно лагите излегоа на виделина. Било додаток, односно бонус“ изјави Николов.

Toj рече дека и премирот Зоран Заев минатата година ветил покажување за оваа година од 10 проценти на платите на здравствените работници.

„ Прашуваме, до кога со лаги?! Вам, не ви е грижа за оние кои на своите плеќи го понесоа товарот на КОВИД кризата. На нив им дадовте ливче во форма на Благодарница во соработка со претседателката на Лекарска комора за која има решение од Антикорупциска за судир на интереси.

Лекарите и оние кои што го чуваат здравјето на граѓаните не бараат премногу. Бараат да бидат еднакво вреднувани и ценети, како оние кои што ја чуваат и делат правдата во земјата. Не ви доликува, за едните бонус од 5% а за другите покачување на платата од 15%. Тоа не ви поминува!“ порача Николов.

Тој нагласи дека лекарската комора продолжува да молчи и дели благодарници, синдикатот молчи и обезбедува кредит за своите членови.

15.06.2021 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега