Николов: Нема вакцини, има план за приватизација на рендген дијагностиката

Додека Заев и Филипче не се способни да постигнат директни договори и да набават вакцини, тие единствено мислат на договори за физибилити студии за распродавање на јавното здравство, обвини Игор Николов, претседател на Комисија за здравство при ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо вакцини, додаде тој, во декември 2020 година нарачале физибилити студија, со идеја да го приватизираат Рендген институтот и рендген дијагностиката во здравствениот систем да ја стават под капа на приватни сопственици.

„Не се потпишаа договори за вакцини, ама помина тендер за физибилити студија да се направи проценка за приватизација на Рендген институтот и рендген дијагностиката. Со еден збор, сите преговараа и договараа набавка на вакцини, Филипче и Заев договараа распродажба на сегменти од јавното здравство. Јавно ги прашуваме Заев и Филипче: што ќе беше сега ако успеевте да ги приватизирате биохемиските лаборатории? Што ќе беше сега ако успеевте да ја приватизирате ГОБ 8-ми Септември и што ќе беше сега ако успеевте да ја приватизирате Брзата помош?“, праша Николов.

Тој обвини дека здравствениот систем денес е застанат, и зафатени се болничките капацитети на клучните Хирургија, Кардиологија и Интерна во Клинички центар „Мајка Тереза“.

„Пред една недела организиравте партиски избори каде гласаа 60 илјади луѓе, а неделава бројката на новозаразени надминува 1.400 лица и починати над 30. Доста е Венко оди си. Не мора во чекор да го следиш Зоран Заев во неговите криминални и коруптивни политики“, рече Николов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.03.2021 - 12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега