Николов: Oбезбедуваме 54 милиони денари за награда на здравствените работници кои се борат против Ковид 19

„Со ребаланост на Буџетот кој е во собраниска процедура, се издвојуваат 54 милиони денари за награда на сите здравствени работници кои се вклучени во третманот на пациентите заболени од Ковид 19 вирусот. Овие средства ќе се наменат за вработените во Ковид центрите во Скопје и во болниците во останатите градови низ државата“, вели денеска на прес Сашко Николов, пратеник од СДСМ.

Овие 54 милиони се дел од вкупно 243 милиони денари што Владата ги издвои за здравството, додека останатите ќе бидат распределени за набавка на лекот Ремдесивир, како и за набавка на вакцини, за тестови за ковид 19 и за потребите на Јавните здравствени установи, вели тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.11.2020 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега