Николов: Пари за кондоми има, ама за вакцини против корона нема!

Министерството за здравство има промашени приоритети. Наместо вакцини, тие набавуваат лубриканти и кондоми. Додека кон крајот на декември минатата година сите не замајуваа со датумот за стартот на вакцинацијата против КОВИД – 19, министерството за здравство и Венко Филипче склучиле три договори за набавка на лубриканти и кондоми. Еден од договорите е во вредност од околу 750 илјади денари, вториот е во вредност од речиси 476 илјади денари, а третиот договор е во вредност од скоро 182 илјада денари, истакна Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ.

-Замислете, во време кога недостасуваат вакцини, лекови на позитивна листа и кога нородот си ги плаќа од свој џеб антикоагулантите Клексан и Ксарелто, некој одлучил да набавува лубриканти и кондоми. Ваквите набавки на лубриканти и кондоми,  единствено му одат од рака на министерот Филипче. Прашуваме дали ваквите набавки повторно се водени од провизии? Пари, во земјава има за кондоми и лубриканти, за подновување на возниот парк на функционерите, и за други непотребни трошоци, ама, пари за доволна лична заштитна опрема, за обезбедување на неинвазивна вентилација за пациентите, за медикаменти и се што е потребно за справување со последиците од корона кризата нема, вели тој и додава:

„И така, поради непотребно трошење на народни пари, Македонија не се најде ниту на листата на 19 земји за кои Европската унија од солидарниот фонд додели пакет вреден 530 милиони евра. Замислете, минимумот кој бил проектиран од страна на ЕУ за користење средства од Фондот за солидарност не бил постигнат! Или едноставно, граѓаните сами плаќаа и понатаму плаќаат, плаќаат за се, за тестови, за лекови, за анализи“.

Во меѓувреме, истакна Николов, Филипче и Заев не успеаја да постигнат ниту еден договор за набавка на вакцини против корона.

-Освен обидот да го измамат официјален Пекинг преку фантом фирма за што беа разоткриени и авансот им беше вратен. Го нема ниту договорот со Фајзер, имало дополнително барање од производителот за обештетување при евентуални несакани ефекти и Македонија и понатаму чека повратна информација! Заклучокот е, пари има за се, ама нема за справување со корона кризата! Затоа надлежните потребно е да поднесат одговорност! Министер, ако малку имате образ и срам, одете си од функцијата. Немате потреба да го следите Зоран Заев во неговите погубни и коруптивни политики.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.03.2021 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега