Николов: Здравствените работници не смеат да користат одмор, а функционерите одат во Дубаи и Мексико

Службен весник. Одлука. (чл.13 точка 4) се забранува користење на годишени одмори, платени и неплатени отсуства за сите вработени во здравствениот сектор. Откако донесоа одлука здравствените работници да не смеат да користат годишен одмор, платени и неплатени отсуства, тие заминаа на одмор и тоа не на понормални дестинации туку во Мексико и Дубаи. Медицинскиот персонал не е одморен и не е отиден на одмор од почетокот на пандемијата, за да тие господата можат да уживаат и да се прават дека помагаат во пандемијава. Камо ви ги вакцините непрокопсани уживатели на државни и јавни функции?, прашува доктор Игор Николов.

-Запрашајте се колку здравствен персонал ја загуби битката со Ковид-19? Колку персонал ги загуби своите постари родители заради тоа што вие не обезбедивте вакцини? Сфативме дека за вакцини само писма сте пишувале, а за Мексико и Дубаи знaете да се придвижите и на лице место да уживате. Кога не можете и немате образ да покажете малку срам, барем покажете солидарност и соживејте се со маките и тежината која што е натоварена врз докторите и медицинскиот персонал и целиот персонал во здравството. Одете си! Што побрзо да ве нема!, пишува тој на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.03.2021 - 16:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега