Николовки: Граѓаните застанаа зад политиките на СДСМ

Генералниот секретар на владејчката СДСМ, Љупчо Николовски преку видео-обраќање им се заблагодари на сите кои гласаа за нивниот кандидат во Штип, Сашко Николов.

-Граѓаните на Штип, на фер и демократски избори, безбедни за здравјето, покажаа одговорност, демократска свест и силно граѓанско чувство за напредокот на својот град. Доктор Сашко Николов е нов градоначлник на Штип. Срцето на македонскиот Исток останува во сигурни раце. Граѓаните испратија силна порака и покажаа голема доверба во институциите предводени од СДСМ. Дури и во услови на пандемија имаме државен капацитет да се одржат демократски избори, целосно безбедни за здравјето на граѓаните. Верификувани се политиките на СДСМ, чесната понуда со доктор Николов е препознаена. Од друга страна, народот ги порази сите бојкоти, лаги и хистерии на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Не сака народот кочење, не сака блокади. Овие избори во Штип потврдија: на македонскиот Исток расте довебата во СДСМ, рече Николовски, додавајќи дека СДСМ освои повеќе гласови за разлика од парламентарните избори.

Според него, граѓаните застанел зад, како што рече, одлучните, државнички политики на СДСМ.

-Имаат доверба во новиот, динамичен, модерен, правичен СДСМ, кој носи промени и постојано се менува. Ова значи потврда на државните политики, на локалните политики но и потврда за востпоставениот мерит систем во СДСМ. Политиките на СДСМ, со проекти, капитални инвестиции, грижата за граѓаните, направија пресврт во Истокот на државата, кој е веќе бастион на социјалдемократијата. Оваа дадена доверба ни значи многу и ве уверувам дека ќе ја оправдаме. Продолжуваме понатаму, заедно, по патот на социјалдемократските вредности, по патот на редот, правдата и дисцилината, по патот на подобар животен стандард за сите наши граѓани, рече тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.12.2020 - 22:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега