Николовски: Бројот на вакцинирани се зголемува - нема причина да се одлагаат изборите

 

Покажавме дека можеме да организираме безбедни избори по здравјето во време на коронавирусот и такви ќе бидат и претстојните локални избори, порача вечерва генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во емисијата „10 минути“ на Телевизија 21.

– Нема причина да се одлагаат изборите во период кога се зголемува бројот на вакцинираните, кога младите се мотивираат да се вакцинираат и на тој начин се намалува притисокот врз здравствениот систем. Минатата година, докажавме дека може да имаме безбедни и сигурни избори во време на коронавирус и и такви ќе бидат и овие локални избори – целосно безбедни по јавното здравје, порача Николовски.

Осврнувајќи се на настапот на изборите, Николовски посочи дека СДСМ е фаворит на овие избори, меѓу другото и поради тоа што има најголем коалициски капацитет.

– СДСМ има најголем коалициски капацитет, заради одговорните, европски модерни политки. Со ДУИ постигнавме стабилен цврст договор уште минатиот август и врз основа на тој договор е и настапот на локалните избори. Она што е јасно дека и СДСМ и ДУИ и БЕСА и другите коалициски партнери во владата ќе освојат јасна и прецизна победа, затоа што имаме најдобри кандидати и програма, затоа што имаме најдобар концепт кој води напред, оцени Николовски. 

 

26.08.2021 - 20:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега