Николовски: Да не беше Заев немаше да имаме премиер што одговара на секој, што ги слуша сите

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, застана во одбрана на премиерот Зоран Заев по неговата изјава дека нема да дозволи „криминалци, еден суетен новинар и еден педер“ да ја урнат владата. Николовски на Фејсбук напиша дека „кога човек е борец и успева државата да ја води напред, тогаш криминалците и непријателите ќе се здружат против напредокот“.

„Да не беше Зоран Заев уште ќе траеше борбата за слобода и демократија.

Ќе бевме заробена и изолирана држава. Ќе владееше стравот и молкот а медиумите и судството уште повеќе поклопени од режимот.

Да не беше тој немаше да имаме премиер што одговара на секој, што ги слуша сите, што има трпение и храброст за секоја потреба и цел на граѓаните.

Да не беше тој денес немаше да бидеме земја – светол пример, пред влез во #НАТО и пред вратата на НАТО.

И кога човек е борец и успева државата да ја води напред, тогаш криминалците и непријателите ќе се здружат против напредокот.

Граѓаните секогаш ќе ја изберат правдата и државата а не мафијата.

Светлата иднина а не мрачното минато.

Затоа ќе успееме!“, напиша Николовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.08.2019 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега