Николовски: Граѓаните ќе ја донесат одлуката да се продолжи по сигурен и извесен, но не и опасен пат

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски го оствари своето право на глас во избирачкото место 0939, во училиштето „Јоаким Крчовски“ во Крива Паланка.

-Денеска заедно со останатите сограѓани го искористив моето гласачко право и мило ми  е што се се одвива во сторго безбедносни услови, со почитување на сите протоколи и радосни сме заради примената на сите мерки на се она што обезбедува стопроцентно безбедно гласање и убеден сум дека граѓаните денес ќе ја донесат вистинската одлука, одлуката на иднината и за иднината, за сите наши идни генерации, изјави денеска Николовски по гласањето.

Николовски рече дека е убеден оти граѓаните ќе ја донесат одлуката да се продолжи по сигурен и извесен, но не и опасен пат.

-Граѓаните ќе го изберат сигурниот пат, ќе го изберат патот кон големата и моќна Европска унија, и во периодот што следи, од утре натаму, навистина да започнеме со работа, да започнеме и продолжиме со политиките за кои разговаравме во овој период и во кампањата со граѓаните. Ние сме тука парите да ги враќаме назад кон граѓаните, државата после НАТО да влезе во ЕУ, Македонците да ги вратиме тука, и во Истокот и во целата земја, а да ги извезуваме нашите брендирани македонски прозиводи. Ова е ден навистина на демократијата, во којшто галсањето се одвива сосема непречено, без инциденти, без проблеми. Ден кога нема притисоци, уцени, нема закани, ден кога покажуваме дека гласањето е целосно демократско, со полн капацитет, многу различно од време на режимот кога граѓаните со уцени, закани и притисоци беа третирани на  изборниот ден, рече Николовски.

Денеска, додаде, е убав ден и според него токму од денеска натаму треба да продолжиме каде што застанавме.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2020 - 21:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега