Николовски: Кочи Мицко, има и втор круг

Генералниот секретар на партијата и шеф на изборниот штаб, Љупчо Николовски, на вечерашната прес-конференција изјави дека неговата партија победува во првиот изборен круг или има убедливо водство во 28 општини.

„Најдоброто доаѓа од коалицијата предводена од СДСМ. Победуваме во Скопје, а победуваме или влегуваме во вториот изборен круг во повеќе од 28 општини и тоа Струмица, Крива Паланка, Делчево, Крушево, Ресен, Дојран, Богданци, Берово, Кривогаштани, Кочани, Карпош, Центар, Пробиштип… Имаме голема предност во Шуто Оризари, во Пехчево, во Демир Капија, Демир Хисар, Маврово, предност во Македонска Каменица, Чашка, Росоман, Ново Село, Старо Нагоричане, Лозово. Пред ВМРО-ДПМНЕ убедливо водиме и во други општини како Куманово, Долнени, Дебарца, Струга“, изјави Николовски.

Според него ВМРО-ДПМНЕ се обидува нерационално да конструира лажна еуфорија е показател за неговата „политичка неукост“.

„Ова не е арена за навивање, ова е натпревар за да се обезбеди подобар живот на граѓаните. Има и втор круг во локалните избори, затоа `Кочи Мицко`“,

 

изјави Николовски.

17.10.2021 - 23:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега