Николовски: Македонија изгуби три години со Зоран Заев

Факт е дека Македонија изгуби три години со Зоран Заев и оваа Влада, три изгубени години се неповратни за граѓаните затоа што зборовите на Зоран Заев беа дека доволно е само да се реши проблемот со името и Македонија ќе почне со преговори.

Ова денеска во вестите на Сител го изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

-Три години Македонија не започнува со преговори, а резултат на тоа е зголемената корупција и немањето реформи во Македонија и втората група на проблемите е ставањето на Македонија во исти пакет со Албанија на што алармиравме уште минатата година кога договорот беше направен меѓу Заев и Еди Рама. Ова со „нон пејперот“ на Франција се само последици, имено тоа е став на една земја членка, и тоа се работи во кои ние немаме влијание, бидејќи тоа се интерни работи во рамки на ЕУ и за жал неиспорачувањето на реформите и групата со Албанија не донесе во ситуација да исчекуваме дали и какви договори ќе има во ЕУ, вели Николоски.

Според него ние како држава не можеме да дадеме никаков одговор на овој „нон пејпер“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.11.2019 - 19:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега