Николовски на средба со делегација на ЕУ: Недобивањето датум е историска грешка

Партиска делегација на СДСМ предводена од генералниот секретар Љупчо Николовски, оствари средба со делегација на ЕУ во земјава предводена од Елса Фанет,  Шефица на Дивизијата за Западен Балкан при Европската служба за надворешни акции.

На средбата на која присуствуваше и меѓународниот секретар на СДСМ, Дане Талески, се разговараше за актуелните  политички случувања во земјата, процесот на реформи, но и за престојните предвремени парламентарни  избори.

Недобивањето на датум за преговори со ЕУ , предизвика големо разочарување кај граѓаните и огорченост. Тоа што ЕУ не успеа да донесе одлука за отворање преговори со нашата земја го оценивме како историска грешка. Особено што испорачавме се што беше потребно. Но тоа е одлука на Унијата, ние продолжуваме уште позасилено да работиме. Членството во ЕУ нема алтернатива, рече секретарот Николовски.

Николовски информираше за  новиот систем на работа и делување на СДСМ кој се постави во партијата, за секојденвите активности на терен, меѓу граѓаните, за постапката околу креирањето на нови политики и новата изборна програмата на партијата. СДСМ денеска е подготвена, мобилизирана, мотивирана и активна на сите нивоа, спремна да одговори на потребите на граѓаните.

На средбата се отвори и темата за владеење на правото, независноста на  судството како и застарувањето на случаи. Од страна на СДСМ беше истакнато дека токму незаинтересираноста и неподготвеноста на судството да решава случаи на висока корупција поврзани со криминалот на Никола Груевски и режимот ја создава сликата на недоверба во самиот судски систем .

Залагањата на СДСМ како партија се започнување на  постапка за целосен ветинг на сите судии, процес кој ќе започне веднаш по формирање на новата Влада предводена од СДСМ.

Нашите стратешки цели остануваат да бидат членството во НАТО кое го очекуваме во најскоро време и секако влезот во  ЕУ. Покрај овие стратешки цели економијата е таа на која што ставаме главен акцент,  преку реформите кои досега ги спроведуваме и даваат реални резултати, а бројките тоа го потврдуваат. –посочи Николовски.

Од делегацијата на ЕУ во РСМ, беше истакнато дека продолжуваат со поддршката на нашата земја во евроинтеграциите но и внатрешните реформи,како и спроведувањето на европските стандарди во институциите, во државата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.11.2019 - 19:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега