Николовски: Не се гледам како наследник на Заев


Вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски вели дека не се гледа нов лидер на СДСМ. Тој денеска на прес конференција во Владата одговарајќи на новинарски прашања рече дека воопшто и нема да се кандидира за да биде нов претседател на СДСМ.

„Не се гледам како наследник на Заев и воопшто нема да се кандидирам на внатрепартиските избори“ – рече Љупчо Николовски.

Премиерот Заев веќе најави дека утре ќе ја официјализира својата оставка по што почнува процедурата за избор на нов Претседател на СДСМ но и постапка за избор на нов мандатар во Владата за што на СДСМ ќе му треба апсолутно мнозинство во Собранието од 61 пратеник. За да го обезбедат веќе во тек се преговори со партијата Алтернатива која оваа недела на внатрепартиски состанок треба да ја донесе конечната одлука.

22.11.2021 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега