Николовски: Од утре почнуваат теренските активности за локалните избори

Владејачката СДСМ од утре започнува со теренски активности за претстојните локални избори.

Генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски, кој е и избран Шеф на Централниот изборен штаб на партијата рече дека под слоганот „Најдоброто за нашата општина“ СДСМ ќе ја посети секоја општина во Македонија.

-Почнуваме со маалски средби во четврток, 10 јуни, до крајот на јули, околу 250 маалски и урбани средби со претставици на раководството, партиските избрани и именувани функционери, пратеници, со граѓаните насекаде ширум државата. Дополнителни 750 средби на локално ниво на коишто се приклучуваат и градоначaлници, пратеници и други партиски функционери на СДСМ. Во рамки на овие теренски активности најавувам и одржување на 15 граѓански трибини насекаде. Караванот граѓански трибини „Најдоброто за нашата општина" започнува во петок, на 11 јуни, од главниот град, Скопје. Продолжуваме во месеците јуни и јули со вкупно 15 трибини, а продолжувме потоа кон крајот на август и во други населени места, рече Николовски.

Тврди дека без разлика кој ќе биде кандидат за градоначалник, СДСМ се обврзува дека сето она што е ветено пред граѓаните ќе биде вметнато во програмите и реализирано.

-СДСМ постои за граѓаните и целокупната работа на партијата е да бидеме сервис за граѓаните. „Најдоброто за нашата општина" е препознатлив печат на СДСМ! Дали станува збор за локално или централно ниво СДСМ е најдобриот избор на граѓаните. Најдоброто затоа што СДСМ има најдобри проекти, најдобра понуда, концепт, визија и најдобар степен на реализација. За нас зборот е збор. „Најдоброто за нашата општина" затоа што ќе имаме најдобра кадровска и програмска понуда пред граѓаните и на претстојните локални избори, а за сето тоа разговаравме на Централниот одбор. Тоа е една од одлуките на Централниот одбор. Започнува инклузивна, отворена, демократска внатрепартиска постапка за избор на кандидати за советници и градоначалници на СДСМ за локалните избори. СДСМ по сите истражувања е фаворит на изборите, но затоа кадровската и програмската понуда сега се наш целосен фокус. „Најдоброто за нашата општина" е нашата главна и клучна цел, најдоброто за граѓаните, тоа е СДСМ. Оттука во критериумите кои ги одреди Централниот одбор токму тоа е клучно, кредибилитетот на секој кандидат, угледот, авторитетот, чесноста, посветеноста, капацитетот и визијата за развој на општината, рече Николовски.

 

08.06.2021 - 21:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега