Николовски се огласи по објавената снимка: Заев пласира лажни вести преку порталите блиски до него

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во ИЕ 3 се огласи по објавената снимка на која се слуша неговиот и гласот на поранешниот министер за транспорт, Миле Јанакиевски.

-Го гледам Заев свесен дека ќе губи пласира лажни вести преку порталите што му се блиски. Јас едно зборувам тие друго спинуваат. Очај! Им се смеат луѓето. Белото не може да е црно. Ама и жално е на што паднаа. Голем пораз те чека Заев и во четворката и во цела Македонија! А потоа одговорност, напиша Николовски на Фејсбук.

Вели дека стравот е голем, а затоа и очајот е голем.

-И да те повикам уште еднаш - дали си во состојба да го докажеш потеклото на сопствениот капитал и капиталот на твоето семејство?, прашува Николовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.07.2020 - 12:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега