Николовски: Скандалозна е одлуката за укинување на мерката притвор за Сашо Мијалков

Вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски коментирајќи ја одлуката на Апелациониот суд за укинување на мерката притвор за Сашо Мијалков, на фејсбук напишал дека истата е скандалозна и дека ја поткопува довербата во судскиот систем.

„Одлуката на Апелациониот суд во Скопје за укинување на мерката притвор за Сашо Мијалков е скандалозна и ја поткопува довербата во судскиот систем кој треба да испорачува правда за сите“, има напишано Николовски.

Јавноста, додава тој, има право да знае врз која основа судиите ја донеле оваа одлука за лице за кое има изречено првостепена пресуда со казна затвор од 20 години за тешки кривични дела.

Токму ваквите судски пресуди, смета Николовски, го разнишуваат интегритетот на судството и се дополнителен аргумент за потребата од Закон за потекло на имот.

22.12.2021 - 16:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега